Сончево и ветровито, следува период со раст на температурите

Времето во саботата во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температурасе движи од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 Целзусови степени.

Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-иот степен.