Сончево и ветровито, температурите до 37 степени

Времето во Македонија во четвртокто ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.

Минималната температура се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури. За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.