Сончево и ветровито време, температурите до 33 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, најавува УХМР. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Индексот на UV зрачењето ќе изнесува 9. Утринската температура ќе изнесува до 9 степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.