Сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Минималната утринска температура се движи во интервал од седум до 15 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за крткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.