Сончево со локална облачност и температура до 11 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со локална облачност. Во доцните попладневни и вечерни часови ќе има услови за слаб дожд и снег.

Утринските температури ќе се движат од минус осум до минус еден степен, додека дневните температури ќе бидат од четири до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до осмиот степен.