Сончево со мала до умерена локална облачност

18

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 23 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 21, Кавадарци 22, Крива Паланка 18, Берово 17, Дојран 24 степени.

И за време на викендот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе се движат од 17 до 25 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.