Сончево со мала до умерена локална облачност и умерен ветер од јужен правец

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.