Сончево со мала до умерена локална облачност, температурите во раст

Времето во Македонија во средата ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен а долж поширокото Повардарие повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринските температури се движат од 6 и 7 степени во источните и западните планински области, меѓу 11 и 13 степени во централните и југозападните делови од земјата, до 18 Целзиусови степени на крајниот југ.

Максималните дневни температури соодветно ќе се движат од 22 и 23 до преки 29 степени до 32 Целзиусови степени во Струмичко и Гевгелиско.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура достигна до 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.