Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен а долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец.

Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната утринска температура се движи во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 32 до 37 степени. УВ индексот ќе има висока вредност 8.

Во Скопје и околината денска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.