Сончево со мала до умерена облачност

Времето во недела во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини има појава на магла.

Утринската температура се движи од минус 5 до 4, а дневната од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околуната претпладнево има магла, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

И во понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.