Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во првите два дена од новата седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд повторно се очекуваат во среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.