Во средата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат во интервалот од 0 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат од 13 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Очекувана максимална температура до 23 степени.