Сончево со мала облачност и температура до 24

18

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 4 степени, а дневна температура до 18 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.