Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер

Времето денеска ќе биде помирно од вчерашното, а максималната температура ќе достигне до 13 степени. Вчера во текот на денот на одделни места дуваше силен ветер од северен правец, некаде достигнувајќи брзина и до 70 километри на час. Денеска ќе биде постабилно.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.