Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер

Времето во Македонија во вторникот претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а на југот со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тeк на Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи. Минималната температура е во интервал од минус 2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 Целзиусово степени.

Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од утре вечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места.

Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.