Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Од УХМР предупредуваат дека во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица.