Сончево со мала до умерена облачност, температурите во благ пад

Времето во петок во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Минималната температура се движи во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.