Сончево со мала локална облачност

164

Времето во недела во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 12 до 22, а максималната дневма ќе достигне од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Следува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната седмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.