Сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија во понедленик ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец, а УВ индескот ќе биде со вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 Целзиусови степени, а дневната температура од  22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи околу 10 степени, а дневната температура до 30 степени.

Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата.