
Во саботата утрото во Македонија е студено а по котлините со ниска облачност, додека преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.
Утринските температури се движат од минус 6 и 0, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интрвалот меѓу 3 и 11 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува, исто така, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Темепратурата ќе се движи околу 7-от степен.