Сончево со мала облачност, температурите малку над десет степени

Времето во Македонија во претпладневните часови во неделата ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала облачност.

Утринската температура во земјата се движи од минус шест до четири, а дневната од три до 13 Целизуови степени.

Во Скопје и околината во утринските часови ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, а во вторник ќе има врнежи од дожд кои особено на север и на повисоките места ќе поминуваат во снег. Во понеделник и од среда ќе има услови за појава на утринска магла.