Сончево со температури до 17 степени

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини има појава на магла и значителна ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната утринска температура е во интервалот од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне има значителна ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.