Сончево со температури до 30 степени

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.