Сончево со умерена локална облачност, температури од -1 до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.