Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија во саботата ќе биде облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини има појава на магла, а олж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура е во интервалот од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица