Сончево со умерена облачност

Во вторникот по многу студеното утро, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Утринските температури се движат од минус 15 до минус 3, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу миус 7 и 4 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.