Сончево со умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до 10, а дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Во недела и понеделник ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.