Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија во вторник ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер