Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија во понеделник ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер.

На југозападот на земјата ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура се движи во интервалот од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималната денвна ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од утре повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.

Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.