Сончево со умерена облачност

9

Времето во сабота во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура се во интервалот од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 Целзиусови степени.

Во недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.