Сончево со умерена облачност, на западот со услови за слаб дожд

Во најголемиот дел од Македнија во средата ќе преовладува сончево време  со умерена облачност. Облачноста ќе биде поголема во западните делови, каде ќе има услови за слаб локален дожд.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Утринските температури се движат од 8 степени на повисоките места, до 15 степени на југот на земјата. Максималните дневни ќе се движат во интервалот од 17 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Утринската температура достигна до 12, а дневната ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.