Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од  21 до 29 степен. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопјеи колината времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.