Сончево со утринска магла

Во утринските часови по котлините долж Повардарието ќе биде магливо, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 степени.

Во Скопје, магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.