Сончево со засилен северен ветер

13

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито со засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

До вторник времето ќе биде претежно сончево со посвежи утра, но со пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.