Сончево време со мала облачност

Времето во четвртокот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната утринска температура се движи во интервал од 6 до 12, а максималната дневна ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 до степени.

Следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.