До крајот на денов, времето сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени. Во Скопје температурата ќе биде до 10 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат дека ќе се задржи тивко време, со услови за појава на магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец.
Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.
Минималната температура ќе биде минус 7, а максималната 20 степени.