Сончево време со температура до 23 степени, стабилно и релативно топло и за викенд

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне долж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите.