Сончево време со температура до 33 степени

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава.

Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер главно во западните и југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а веќе од петок ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.