Сончево време со умерен северозападен ветер

Недела ќе мине во фино, претежно сончево време. Повторно ќе биде ветровито, но со далеку послаб ветер за разлика од сабота, претежно од северозапад.

Минималната температура ќе биде во границите од 8°С до 13°С.

Максимална температура околу 19°С се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион околу 18°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 23°С.

Во скопската котлина се очекува претежно сончево време. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 11°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 20°С.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.