Сондата Hayabusa2 ги испрати првите снимки од бомбардирањето на астероид

Јапонската сонда Hayabusa-2 ги испрати на Земјата во петокот првите фотографии добиени по, како што се претпоставува, успешното „бомбардирање“ на површината на астероидот Рјугу и земањето примероци од него, објавија од мисијата.

„Другите снимки ќе бидат предадени на Земјата уште вечерва, но сега имаме снимка добиена со помош на главната камера на Hayabusа-2 направена веднаш по полетувањето од површината на астероидот. На неа може да се види не само сенката на сондата, туку и целата – ‘светлото’, траги од моторот и прашина подигната по полетувањето“, рече на прес-конференцијата Макото Јошикава, шеф на мисијата во јапонската вселенска агенција ЈАХА.

Автоматската вселенска станица Hayabusа-2 беше лансирана во декември 2014 година за проучување и земање примероци од почвата на астероидот Рјугу. Научниците се надеваат дека таа на Земјата ќе ги пренесе првите апсолутно чисти примероци од првичната материја на Сончевиот систем.

Јапонската сонда ја достигна својата цел на почетокот од јуни 2018 година и ја започна долгата процедура за кочење и приближување на астероидот. Откако беа добиени првите снимки и податоци за уредот, површината и внатрешноста на небеското тело, сондата почна да се подготвува за процедурата за собирање на примероци од почвата.

Првите чекори за изведување на главната мисија, вклучително и пробата за слетувањето на Hayabusа-2 на површината на Рјугу, требаше да започнат на почетокот од октомври оваа година. Оваа операција мораше да биде поместена за во јануари поради тоа што научниците не очекуваа дека астероидот ќе биде натрупан од големи камени парчиња налик на калдрма.

Ноќта кон петокот јапонската сонда успешно ја заврши постапката, спуштајќи се во точката означена со L08Е1 на површината на астероидот и „истрелувајќи“ во неа куршуми од тантал со тежина од пет грма. Како што покажале телеметриските податоци, оваа процедура била успешно завршена, по што сондата се вратила во високата орбита.

Притоа, како што истакнуваат самите учесници од мисијата, сѐ уште не е јасно дали Hayabusа-2 зафатила доволно количество прашина и камена површина, кренати во безвоздушниот простор по „бомбардирањето“ на астероидот.

Како што истакнува Јошикава, првата фотографија добиена од сондата веднаш по старот од површината на астероидот, дава уверување дека сѐ минало добро. Сепак, тој нагласува дека правот и темните траги кои се забележуваат на оваа снимка, не мора да бидат резултат од „бомбардирањето“ на Рјугу.

Според него, малите количества реголит може да бидат присутни во зоната на слетувањето на Hayabusa-2, и тие би можело да се искачат во просторот над астероидот во моментот кога сондата ги вклучила моторите. Покрај тоа, дел од честичките од прашината моќече да излетаат од приклучокот со кој јапонскиот вселенски уред ги собирал примероците од материјата по „гранатирањето“ на Рјугу.

Доколку биде заклучено дека „бомбардирањето“ било успешно, тогаш јапонските научници ќе почнат да ја разгледуваат реализацијата на втората фаза, исфрлање на далеку помоќна експлозивна направа на површината на Рјугу. Тоа би се случило во март или во април. Во спротивно Hayabusa-2 може да изведе уште два обида да се спушти до истата точка и повторно да собере примероци од почвата на астероидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.