Сондите на NASA во орбитите на најмалото и на најоддалеченото вселенско тело

Фотографија на астероидот Бенну добиена од сондата OSIRIS-REx

Сондата на американската агенција за вселенски истражувања NASА наречена OSIRIS-REx (Origins Spectral Interpretation Resource Identification Security — Regolith Explorer) влезе во орбитата на астероидот Бенну, од кој треба да собере примероци од карпите, а истовремено сондата New Horizons успешно првпат го сними досега најоддалечениот вселенски објект, астероидот Ултима Туле.

Сондата OSIRIS-Rex беше лансирана во септември 2016 година. Научниците за нејзината цел го одредија астероидот Бенну, порано познат под бројката 1999 RQ36. Космичкиот уред ја достигна својата работна позиција на растојание од 20 километри од 500-метарскиот астероид на 3-ти декември.

„Ова е официјално! Јас сум во орбитата на астероидиот Бену, најмалото небесно тело, околу коешто кога и да е кружело вселенско летало“, се наведува во објавата на акаунтот на Twitter на мисијата.

Во рамките на првичните истражувања на астероидот, сондата направи неколку летови на растојание од 7 километри од Бенну. Уредот тогаш собираше информации за масата и за движењето на астероидот. Во рамките на орбиталната фаза од прочувањето на Бенну, сондата ќе направи кружење околу астеродиот за 50 часови и ќе се приближи на космичка оддалеченост до 1,4 километри. Во последната етапа од мисијата, вселенскиот апарат ќе собира информации за определување на местата од кои ќе земе примерок од површината на астероидот.

Операцијата за собирање честички од почвата на астероидот е предвидена за средината од 2020 година. Според научниците, сондата на пет секунди на површината на Бенну ќе ја подаде триметарската подвижна „рака“ TAGSAM (Touch-and-Go Sample Acquisition Mechanism), којашто ќе повлече честички од материјалот од површината на вселенското тело. Дизајнерите сметаат дека од површината со помош на компримиран гас ќе биде можно да се извлечат барем околу 60 грама од карпите, кои ќе бидат доставени на Земјата во 2023 година.

Астероидот избран за предмет на проучувањето на OSIRIS-Rex, е именуван според птицата Бенну, симболот на воскресението на древното египетско божество Озирис. Ова тело со дијаметар од 500 метри беше откриено во рамките на проектот LINEAR на Масачусетскиот технолошки институт (MIT) и според пресметките на експертети, ќе се приближи до Земјата во 2182 година. Во 2013 година беше објавено дека Бенну станал главниот потенцијално опасен објект за нашата планета по „отповикувањето“ на тогашната закана од астероидот Апофис и бројни други астероиди.

Сондата New Horizons, пак, испратила сигнал на Земјата кој патувал околу 10 часа, по влегувањето во орбитата на астероидот именуван како Ултима Туле, кој се наоѓа на 6,4 милијарди километри од нашата планета.

„Сондата функционира. Штотуку го изведовме најдалечниот прелет. Науката ќе ни помогне да го сфатиме потеклото на Сончевиот систем“, објави Алис Боумен, која е дел од научниот тим на овој проект.

Сондата ледената карпа од периодот на формирање на Сончевиот систем ја снимила со камерите во 5,33 часот по ГМТ. Снимките и податоците кои се добиени ќе стасаат на Земјата подоцна во вторникот. Предвидено е да бидат снимени 900 фотографии за неколку секунди, колку што траел прелетот над овој вселенски објект на оддалеченост од околу 3.500 километри.

Ултима Туле, откриен со вселенскиот телескопот Hubble во 2014 година, се наоѓа во Кујперовиот појас, големиот диск од карпести остатоци од периодот на формирањето на планетите во Сончевиот систем. Станува збор за астероид долг околу 30 километри. Научниците решија да ја испратат сондата New Horizons да го истражи астеродидот откако во 2015 година, девет години по лансирањето, сондата испрати детални снимки од Плутон, што беше нејзината главна мисија.