Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), в петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука за поддршка со тројцата професори од штипскиот универзитет.
На состанокот на СОНК, биле дадени насоки да се соберат што е можно повеќе луѓе – без разлика дали се студенти или пензионери. Превозот ќе бил организиран, со автобуси, а за сите што ќе присуствуваат на протестот ќе биде обезбеден седвич, сок, вода…
СОНК најави и генерален штрајк на први септември ако институциите итно не го решат проблемот со тројцата професори на штипскиот универзитет. Меѓутоа, покрај поддршката за штипските професори, СОНК ќе бара и преиспитување на законската обврска за плаќање радио дифузна такса, повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование, склучување на колективен договор за да се отстранат, како што велат, незаконските разлики во висината на платите за исто работно мест, а ќе протестираат против екстерното тестирање и политизацијата во образованието.