СОНК најавува генерален штрајк кој ќе ја парализира државата

117

Државата може целосно да биде парализирана со генерален штрајк, ако Владата не ги слушне нашите повици за отпочнување преговори за прашањата кои се од интерес на јавниот сектор, тврди Јаким Неделков претседател на Синдикатот за образование наука и култура (СОНК).

Сѐ уште немаме одлука за тоа кога ќе почнеме со штрајкот и колку тој ќе трае, но може да се случи тоа да биде на крајот на учебната година, а во штрајкот да бидат вклучени сите дејности од јавен сектор. Ако се знае дека СОНК има 30.000 членови во кои се вклучени и јавната и државната администрација, еден штрајк ќе значи многу, односно целосна блокада на институциите, вели Неделков.

Toj e загрижен за игнорантскиот однос на власта, но сепак е оптимист дека до крајот на мај институциите ќе најдат сили да се сретнат со синдикатите и да ги разгледаат прашањата кои се ставени на маса за преговарање уште од пролетта минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.