Сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово: Се судрија Ауди и Смарт, сопатник тешко повреден

На 20.11.2021 во 13.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атар на с.Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.И.(44) од с.Глумово, скопско и патничко возило „смарт“, управувано од О.А.(23) од с.Буковиќ, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, сопатникот во возилото „ауди“, М.И.(77) од с.Глумово, се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.