Сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица, возило со странски таблички се обидело да помине камион

Поради верижна сообраќајка во прекин e сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Сообраќајката се случила во близина на патот кој води за село Бигла, а според информации на очевидци кои ги потврдија и од делчевската полиција, во сообраќајката учествувале три возила и еден камион.

Посочуваат дека сообраќајката настанала кога возило со странски регистерски таблички се обидело да го помине камионот.

На лице место покрај полицијата која врши увид е и возило на Итната медицинска помош. Според информации од овие служби нема сериозно повредени лица. Повеќе детали од полицијата најавија во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.