Сообраќајка во Чаир, меѓу повредените три малолетни лица

Синоќа некаде после полноќ, на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во близина на паркот во Чаир се случила страшна сообраќајка во која учествувале 3 автомобили марки Мазда, Мерцедес и БМВ.

Сообраќајот бил во прекин, а на местото на несреќата дошло и возило на Брзата помош.

ФОТО: ТВ21

Во сообраќајната несреќа седум лица се здобиле со телесни повреди од кои меѓу нив тројца малолетници. Сите се пуштени на домашно лекување.