Сообраќајка во Прилеп, тешко повреден велосипедист

На 29.02.2020 во 18:10 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од ул.„Мечкин Камен“ со ул.”Ѓорѓи Димитриов”, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “фиат пунто“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Л.(61) од Прилеп, и  велосипед управуван од В.Л.(62) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.