Сообраќајна несреќа кај Педагошкиот факултет – не е познато како возачот „прелетал“ и се качил на бетонските жардињери

Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет.

Од фотографиите, се гледа дека станува збор за возило „Цитроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и пешачки премин.

Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени. Во моментов, екипи на сообраќајната полиција вршат увид.