Сообраќајна несреќа на патот Делчево-Македонска Каменица- сообраќајот во прекин!

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица е во прекин поради судар на две возила што се случи попладнево, околу 18:45 часот, на главната раскрницата на влезот во Делчево.

Во сообраќајката учествуваа патничко возило „поло“ и комби, при што е причинета само материјална штета.

На местото на настанот се наоѓа и полициска екипа од Полициското одделение за општа надлежност Делчево, кои најавија дополнителни информации за причините за несреќата.