Сообраќајот е заглавен во дел од Скопје, се преврте товарен камион преполн со земја (ФОТО)

Во овие моменти речиси е заглавен патот „Качанички“ точно кај населбата „Момин поток“.

Сообраќајот е попречен поради товарен камион кој се превртел од засега непознати причини, а истиот бил преполн со земја.

Дополнително се очекува метежот да започне да расте со оглед на тоа дека многумина граѓани веќе ќе започнат да се враќаат од своите работни места кон дома.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.